30.8 C
Skopje, NM
27/07/2021
DailyNews.mk
Регион

Здравко Кривокапиќ: Корупцијата во Црна Гора изеде неколку клиники за инфективни болести

Корупцијата во Црна Гора изеде неколку клиники за инфективни болести, што се неопходни за нашите граѓани денес, напиша мандатарот за состав на новата влада, Здравко Кривокапиќ, на својот профил на Твитер.

„Корупцијата, што, според меѓународните извештаи, достигна катастрофални размери, „изеде“ десетици болници, училишта, градинки, домови за стари лица … Исто така, изеде неколку клиники за инфективни болести, кои се неопходни за нашите граѓани денес“, напиша Кривокапиќ.

Тој исто така нагласи дека „ќе стори се за Црна Гора никогаш повеќе да не влезе во таква ситуација“.

Премиерот во заминување Душко Марковиќ синоќа изјави дека владата со која тој раководи, „сторила се за да ја изгради Клиниката за инфективни болести, и обезбеди двојно поголема финансиска поддршка од планираното“, пренесува Вијести.

Related posts

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

Ердоган: Турција сака да ja гради иднината со ЕУ

Admin

Евростат: Бугарите се најсиромашни во ЕУ

Admin

Хаг бара Црна Гора да истражи 15 лица обвинети за воени злосторства

Admin

Харадинај: Да ги зачувавме даноците, Србија ќе не признаеше

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More