DailyNews.mk
Спорт

Затоа е на врвот: Кулушевски открива што му кажал Кристијано Роналдо на 2-0

Не случајно Кристијано Роналдо е долго време на врвот, Дејан Кулушевски открива дека Португалецот на 2-0 против Сампдорија бил гладен за голови и му кажал да продолжи да притиска и да напаѓа.

ЦР7, заедно со Лео Меси, е најдобар фудбалер на денешницата и еден од најдобарите во историјата. Португалецот и на 35 години продолжува да игра на врвно ниво, но ништо не е случјано. Покрај тоа што до детаљ внимава на својата физичка подготвеност, Кристијано Роналдо има и голем победнички менталитет.

Дејан Кулушевски открива разговор со Кристијано Роналдо при водство од 2-0 на Јувентус против Сампдорија во финишот од мечот. Иако било јасно дека Јувентус ќе победи, ЦР7 бил гладен за голови и барал од Македонецот да продолжи да притиска и да напаѓа.

„Кристијано е фантастичен, имам среќа што го имам за соиграч. Кога водевме со 2-0, постојано ми велеше да продолжам да притискам, да продолжам да напаѓам, беше гладен за голови, сакаше да падне нов гол“ – рече Кулушевски по крајот на натпреварот.

Ваквиот пристап вроди со плод, во последните минути од средбата, Роналдо доби топка во фор од Ремзи и погоди за 3-0.

Дејан Кулушевски, кој го отвори резултатот во 13. минута, додава: „Извонредна вечер. Не беше лесно но освоивме три бода. Мило ми е што постигнав гол уште на првиот натпревар, повеќе нема да му ја мислам кога ќе пристигне мојот деби погодок“.

Related posts

Левандовски ги победи Меси и Роналдо за наградата на ФИФА

Lea Musliju

Казната на Русија скратена на две години, остануваат без химна и знаме

Lea Musliju

Волејот на Ибрахимовиќ е најдобар гол во историјата на МЛС лигата

Lea Musliju

„Овој Манчестер јунајтед може да ја освои титулата“

Lea Musliju

Клоп ќе остане без омилениот „џокер“

Lea Musliju

Ривер Плејт го декласираа Насионал

Lea Musliju

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More