15.8 C
Skopje, NM
13/06/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Законот за заштита од заразни болести и ребалансот на Буџетот пред пратениците на 27 октомври

Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, ребалансот на Буџетот и Законот за заштита од дискриминација се очекува да бидат на дневен ред на собраниската седница закажана за 27 октомври. Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на средба со новинарите изјави дека пратеничките групи побарале законот да не биде ставен на седницата на 20 овој месец за да се усогласат за одредени прашања. Но, Џафери истакна дека поради разногласието на партиите нема намера да свикува седница само за една точка на дневен ред по скратена постапка и ги информирал дека наредната седница ќе биде на 27 октомври.

На седницата на 27, доколку се постигне договор меѓу парламентарните партии би можело на дневен ред да биде и избор на Уставен судија.

До седницата се очекува да заврши изолацијата на тројцата пратеници кои беа позитивни на Ковид-19. Според Џафери, тие се во добра здравствена состојба.

Во однос на објавените информации во јавноста за набавка на 100 компјутери за пратениците, претседателот на Собранието потенцираше дека станува збор за компјутери набавени за службата на Парламентот, а не за пратениците и дека тоа најмалку има врска со одржување на онлајн седници. Компјутерите се набавени во рамки на проект на Швајцарската амбасада и НДИ.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More