21.7 C
Skopje, NM
24/06/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Заев ветува ЕУ мониторинг за предметите на висока корупција

Владата ќе се посвети на обезбедување ЕУ мониторинг на судските предмети на висока корупција што е можно побргу. Бевме прва држава во регионот кои од ЕУ побаравме веднаш да ја стартува иницијативата за мониторинг на судските предмети врзани со висока корупција. Европската комисија тоа го поддржа и најави брз старт за овој инструмент, вели премиерот Зоран Заев во интервју за весникот „Коха“.

– Сметаме дека овој чекор ќе ја зголеми одговорноста на обвинителите и судиите, ќе ја зајакне борбата против корупција, но и ќе ја зголеми довербата на граѓаните во својата држава и нејзините институции. Процесот на прочистување треба да го водат овие институции, секако во соработка со правната фела, затоа што само така ќе се врати вербата во судовите и обвинителствата, само така ќе се зајакне правосудството кое мора конечно да испорачува ефикасна, неселективна и навремена правда – вели Заев.

Тој истакна дека Владата има целосен консензус дека е неопходно ефикасно и објективно „прочистување“ во правосудството. Според него, првиот чекор од прочистувањето што треба да се толкува како ветинг е веќе направен со надлежноста на ДКСК да ја испитува имотната состојба на судиите и јавните обвинители.

Заев вели дека Владата, како и во претходниот манќе поддржи формирање анкетни комисии или иницирање меѓународна поддршка и мониторинг за одредени случаи кои, како што рече, создаваа меѓуетничка недоверба и тензии.

– Дополнително, ќе предложиме и законски обврски со кои ЈО ќе мора редовно и континуирано да ја информира јавноста за својата работа и напредокот во предмети кдат, ои ги следат граѓаните. Само со транспарентна работа ќе се справиме со криминалот и корупцијата, но и со недовербата кон правната држава која ја имаат граѓаните – вели премиерот Заев.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More