28.8 C
Skopje, NM
16/09/2021
DailyNews.mk
Uncategorized

Заев- Станила: Значителни резултати се постигнати на политички и економски план Романија ги поддржува евроинтеграциите на земјава

Претседателот на Владата Зоран Заев, се сретна со Виорел Станила, амбасадор на Романија во нашата држава, кој го завршува својот мандат.

На средбата се поздравени политиките на премиерот Заев и на Владата на меѓународен план, на домашен план и во областа на економијата, со констатација дека се постигнати значителни резултати во напредокот на државава и во подобрување на животот на граѓаните.

Најавено е дека Романија ќе продолжи да ја поддржува нашата држава во евроинтеграциите.

Премиерот Заев се заблагодари на романската Влада и на амбасадорот Станила лично, за искреното пријателство и за помошта на принципиелно ниво во демократските и евроатлантските процеси на нашата држава.

„Посветени сме силно кон поддршката на граѓаните и фирмите погодени од здравствено-економската криза и преку синоќа утврдениот ребаланс на Буџетот, којшто оди на усвојување во Парламентот. Свесни сме, како Влада и како држава, дека отворањето на преговорите со ЕУ носи неповторлив период пред нас да го подобриме животниот стандард на граѓаните и да ги примениме европските вредности дома и ќе продолжиме со нашите искрени, внимателни и мудри политики коишто ја движат државата напред“ рече премиерот Заев.

На состанокот се изразени заеднички определби за натамошен развој на билатералните односи помеѓу двете држави, како и во рамките на заедничкото членство во НАТО.  

Related posts

South Korea designates arriving Afghans as ‘persons of special merit’

Admin

23,845 active cases with covid in Kosovo

Admin

Vucic receives invitation to attend enthronement of Metropolitan Joanikije in Montenegro

Admin

Diabetes and Covid 19: Self-care tips to manage the condition amid pandemic

Admin

Buckingham Palace garden visitors write bad reviews on TripAdvisor: ‘I feel robbed by royals’

Admin

Princess Beatrice opens up about living with dyslexia: Know all about the learning disorder

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com