33.8 C
Skopje, NM
25/07/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Заев: Повеќе пари за поддршка на вработените и за стабилност на работните места

Поддршката за исплата на плати продолжува да важи и за последниот квартал од годината (за октомври, ноември и декември), објави денеска премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

– Новост во мерката е што поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари. Со новата методологија за државна помош за исплата на платите ќе бидат поддржани 83.000 работни места на нашите сограѓани, на месечно ниво, односно вкупно 250.000 плати за последниот квартал, наведува Заев.

Тој посочува дека вредноста на оваа мерка изнесува 70 милиони евра и за да се оствари правото на неа, компаниите што ќе аплицираат мора да го задржат бројот на вработени заклучно со 31 јули 2020 година.

– Оваа мерка важи и за самостојните вршители на дејности, односно трговците поединци, лицата што вршат земјоделска дејност, занаетчиска дејност и лица што вршат други услуги, додава премиерот Заев во објавата на Фејсбук.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More