23.8 C
Skopje, NM
27/07/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Заев: Границите треба да се отворат, но сепак најважно е здравјето

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека при носењето одлука за отворање на границите во регионот, со или без ПЦР-тестови, прво треба да се води сметка на здравствениот, а потоа на економскиот аспект.

„Треба да бидеме внимателни и во двата аспекта при отворање на границите – на здравствениот и на економскиот, кои се подеднакво важни, но сепак здравјето на луѓето преовладува“,

рече Заев одговарајќи на новинарски прашања при посетата на училиштето „Јан Амос Коменски“ во Карпош.
Министерот за здравство Венко Филипче На владината седница информирал за дебатите што се водат на регионално ниво за отворање на границите, при што се разговарало за сите предности или проблематични ситуации што би се појавиле.

„Министерот за здравство ќе ги доврши консултациите со колегите од министерствата за здравство во соседните земји и во целиот регион, а Комисијата за заразни болести е таа што конечно ќе даде препорака или одлука дали треба да се отвораат границите, за да имаме премин на границите без или со ПЦР-тестови“, рече Заев.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More