19.8 C
Skopje, NM
21/06/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Заедничката македонско-бугарска комисија продолжува со работа на 15 октомври

Заедничката македонско-бугарска историска комисија, по една година пауза, ќе ја продолжи работата на 15 и 16 октомври, било кажано на разговорите на министерот за надворешни работи Бујар Османи со бугарскиот премиер Бојко Борисов и министерката Екатерина Захариева во Софија.

Заедничката Комисија произлезе од Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија со цел да се решат разликите меѓу двете земји во врска со историските настани и личности. Работата на Комисија се закочи главно околу прашањето за Гоце Делчев.

Захариева на прес-конференцијата по средбата со Османи рече дека Бугарија го поддржува евроатлантскиот пат на Македонија, но само ако се спроведе Договорот за добрососедство, потпишан во 2017 година. Според неа, посетата на Османи е продолжување на политичкиот дијалог по долга пауза.

„Имаше избори во Северна Македонија, а тука е и ковид-19. Мораме да го вратиме духот на пријателство и добрососедство. Во сите овие години, докажавме дека сме добар сосед и пријател… Мора да се вратиме на она што беше договорено во 2017 година“, изјави Захариева.

Османи, пак, како што јавуваат бугарските медиуми, повикал на почеста комуникација меѓу двете земји, на сите нивоа.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More