30.8 C
Skopje, NM
25/07/2021
DailyNews.mk
Ковид-19 Политика

Забрана за семејни прослави, маски и на отворено освен кога се спортува

Забрана за семејни прослави во домовите и надвор од него, задолжително носење маски, марама, шал или друго, секаде при престој на отворено, на затворено се дел од мерките кои здравствените мерки ги предлагаат како заштита од ширење на заразата од Ковид-19, по зголемувањето на дневниот број новодијагностицирани.

– Забрана за семејни прослави и собири. Во еден стан или домаќинство најмногу четири гости, покрај членовите на семејството кои живеат таму. Сериозен број од новозаразените се токму од ваков тип на забави. Со ова ќе се избегне забавите од кафулиња да се префрлат дома – смета Филипче.

Со новите мерки се предлага и забрана за групирање на јавен простор по 23 часот на повеќе од четири лица. Забрана за собирања на поголема група по паркови, бензиски пумпи и било каде на отворено.

Задолжително носење маски, марама, шал или друго, секаде при престој на отворено и на затворено, во јавен и приватен транспорт, на работа, во маркети, освен при спортување на отворено. Отстапки има и за приватните возила во кои се возат членови на едно домаќинство. Отстапка и при престој во ресторан, но со запазување на протоколите.

Исклучок се децата до 6 години, односно претшколска возраст, кои не мора да носат маска.

Овие мерки ќе бидат предложени до Владата, која треба да одлучи дали ќе се воведат.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Царовска: Државната матура ќе се одржи, задолжителна е и во развиените европски земји

Admin

Последни обиди да се тргне бугарското вето за евроинтеграцијата на Македонија

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More