30.8 C
Skopje, NM
25/07/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Регион

Вучиќ ја предложи Брнабиќ за мандатар за состав на новата српска влада

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа ја предложи сегашната премиерка Ана Брнабиќ за мандатар за состав на новата Влада на Србија. Обраќајќи се пред јавноста по состанокот на претседателството на неговата Српска напредна партија која освои две третини од местата во парламентот, Вучиќ рече дека тој има „многу високо мислење“ за Ана Брнабиќ и дека таа е жена која „жестоко се бореше за својата земја“. „Жена која водеше дисциплинирана и одговорна политика, кој не им ласкаше на странски центри на моќ или на оние во земјата. Таа ѝ беше лојална на Србија и се бореше за интересите на земјата“, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека му предложил на мандатарот „да размисли за воведување на две министерства – за човекови права и родова еднаквост и социјален дијалог и друго – за грижа за семејството, децата и демографијата“. Ана Брнабиќ е премиер на Србија од 29 јуни 2017 година. Таа дојде на таа позиција од позицијата министер за државна администрација и локална самоуправа, а како непартиска личност во тоа време беше предложена од претседателот Александар Вучиќ. Таа ѝ се приклучи на Српската напредна партија во почетокот на октомври 2019 година.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More