19.8 C
Skopje, NM
21/06/2021
DailyNews.mk
Шоубиз

Војводата и војвотката од Сасекс на вечерна дружба со пријатели

Војводата и војвотката од Сасекс се чини дека добро се привикнуваат на животот во јужна Калифорнија, а викендов беа забележани со две селебрити личности.

Принцот Хари и Меган беа излезени на вечера со канадскиот музичар продуцент Дејвид Фостер и неговата сопруга, актерката и пејачка Кетрин Мекфи – само еден ден пред парот јавно да ја објави бременоста на Кетрин. Дејвид претходно бил во брак четири пати, а бебето ќе му биде шесто дете и прво на Кетрин.

Ова е прв пат Хари и Меган да бидат забележани во Монтечито по веста за нивната преселба во малото гратче. Без сомнение, двата парови ја славеа среќната вест на Дејвид и Кетрин и вечераа во Lucky’s Steakhouse, недалеку од стилската семејна куќа на принцот Хари и Меган, вредна 14 милиони долари.

Почитувајќи ја класичната американска традиција на стејкхаус, гламурозниот локален ресторан нуди специјалитети на куќата – стек, морски плодови и мартини. Имајќи ја предвид бременоста на Кетрин и здравствените навики на Меган, за која се вели дека има обожава киноа, авокадо и зелен сок, веројатно групата го намалила конзумирањето коктели на минимум.

„Мејл онлајн“ сподели фотографија од војвотката која изгледа елегантно во кожени панталони, беж џемпер и живописни портокалови чевли „Клои Госелин“, во комбинација со чанта од брендот „Стела Мекартни“. А Хари изгледа смарт во бледа кошула и темни панталони. И двајцата имаа маски за лице додека одеа од нивниот автомобил до ресторанот. Со внимателно применети безбедносни мерки, четворката вечераше на отворено во покриениот простор на терасата.

Се чини дека Меган е среќна што го обнови пријателството со Кетрин по нејзиното враќање во САД, бидејќи нивното пријателство датира од почетокот на нивната актерска кариера.

Претходно годинава, Кетрин изјави за „Аксес Холивуд“ дека нејзиниот 70-годишен сопруг и принцот Хари се добри пријатели. „Многу се симпатични. Тие се како татко и син,“ рече таа.

Related posts

Марија Шарапова се сврши со британскиот милионер Александар Гилкс

Lea Musliju

Џорџ Клуни вели дека Том Круз не претерал со реакцијата за прекршување на Ковид протоколите

Lea Musliju

Џенифер Лопез со настап на Новогодишната вечер

Lea Musliju

Карди Би носи долна облека во видео за 29. роденден на сопругот Офсет

Lea Musliju

Ријана го промовира новиот производ од брендот „Фенти бјути“

Lea Musliju

Џорџ Клуни: Ова беше грозна година, но ќе излеземе посилни и подобри

Lea Musliju

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More