30.8 C
Skopje, NM
25/07/2021
DailyNews.mk
Анализи

Во септември пораснале трошоците на живот и цените на мало, споредено со лани

Трошоците на живот во септември годинава во однос на претходниот месец бележат намалување од 0,2 отсто, а во однос на септември лани зголемување од 1,9 отсто.Цените на мало пак во септември годинава во однос на претходниот месец имаат намалување од 1,1 отсто, а во однос на септември лани зголемување од еден отсто, објави Државниот завод за статистика.

Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 4,5 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,7 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 3,5 отсто, медиумите за снимање за 3 отсто, информатичката опрема за обработка на податоците за 1,2 отсто, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1,1 отсто, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,6 отсто, мебелот и покуќнината, големите електрични апарати за домаќинствата, градините, растенијата и цвеќињата за 0,5 отсто, теписите и другите подни покривки за 0,3 отсто, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0,2 отсто.

Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 4,7 отсто, месото за 1,1 отсто, виното за 1 отсто, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,7 отсто, маслото и маснотиите за 0,6 отсто, лебот и житата за 0,4 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,2 отсто.

Во септември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај книгите за 1,6 отсто, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 1,1 отсто, облеката за 1 отсто, обувките за 0,9 отсто, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,6 отсто, фризерските салони и центрите за разубавување, другите лични предмети за 0,5 отсто, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0,4 отсто, моторните возила за 0,3 отсто, другите медицински производи за 0,2 отсто.

Related posts

Пиењето и пушењето кај младите опаѓа, но расте ризикот од други зависности

Admin

Што е попис на населението

Admin

Несторовска: Забележан континуиран пораст на деца жртви на трговија со луѓе, потребна поенергична акција за справување со модерното ропство

Admin

Анализа на „Гардијан“: Дали имунитетот на стадо ќе го запре ширењето на корона вирусот?

Admin

Финаиските разузнавачи од Македонија ќе учат од холандските колеги

B.M

Светски банки дозволувале трансфер на валкани пари

B.M

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More