30.8 C
Skopje, NM
27/07/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Владата подготвува стратегија за апликаците во судот во Стразбур

Министерот за правда Бојан Маричиќ не открива што ќе преземе Владата во однос на апликациите од Судот за човекови права во однос на предметите на СЈО поднесени од повеќемина поранешни функционери кои се жалеа на судските предмети во кои се или допрва ќе бидат осудени, а повикувајќи се на аболицијата од 2016 година која ја донесе тогашниот претседател на државата Ѓорге Иванов.

„Во оваа фаза можам да искоментирам дека Владата останува на својата определба на доследна борба за владеење на правото и заштита на правната држава“, рече министерот Маричиќ одговарајќи на новинарски прашања.

Тој нагласи дека постапката е во почетна фаза и дека државата, односно Република Северна Македонија е странка во постапката и треба соодветно да се однесува.

„Не би ги изнесувал детално аргументите, ниту стратегијата на нашата позиција пред судот. Имаме фаза која што е стандардна за секој случај кој што ќе се иницира и ќе биде примен на одлучување во судот во Стразбур, а тоа е една фаза во која што ќе се остава можност за извесен број на недели за евентуално спогодување. Доколку тоа не е случи понатаму е можноста за одговор на тужбеното барање и понатаму почнува постапката“, рече Маричиќ.

Тој објасни дека апликациите стигнале пред десетина дена на одговор во Владата.

„Сѐ уште ги разгледуваме во нашите институции, интензивно работиме и се подготвуваме. Не би давал конкретни податоци што и како ќе се случува. Ќе направиме соодветна стратегија која што ќе работи во одбрана на владеење на правото и правната држава“, рече тој, нагласувајќи уште еднаш дека станува збор за почетна деликатна фаза и дека секое изјаснување на било кој владин претставник може да има последици во натамошната постапка.

„Затоа би кажал, без да ги загрозам интересите на нашата држава во постапката, дека работиме на случајот, ги разгледуваме сите апликации, бидејќи не се работи за една туку за повеќе, и ги подготвуваме нашите аргументи и нашата стратегија за доследна борба за владеење на правото“, рече Маричиќ.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More