15.8 C
Skopje, NM
13/06/2021
DailyNews.mk
Економија Избор од уредникот

Владата им препорачува на банките да исплаќаат пензии од 27 октомври

Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите со октомвриските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.10.2020 година, а готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, да биде организирана во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– Во вторник, на 27.10.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
– Во среда, на 28.10.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– Во четврток, на 29.10.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– Во петок, на 30.10.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Владата го утврди најновиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за научно-истражувачка дејност. Со предложените измени се пролонгира рокот за избор во научни звања, односно лицата кои се фаза на стекнување на овој статус да ги завршат докторски студии и да бидат избрани во научно звање научен соработник, со што се надминува состојбата поради која немаше законски основ за исплата на септемвриската плата во научните институти.

Владата денеска го утврди новиот текст на Предлог-законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и согласно член 170 од Деловникот на Собранието ќе го достави до пратениците на усвојување. Овие дополнувања се со цел да обезбедат стабилни приходи и да се олесни работењето на општините во време на Ковид-19 за 2021 година, кои се дел од Пакетот 4 на Владата.

На денешната седница е утврден и новиот текст на Предлогот на закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Целта на Предлог на Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, е создавање услови за целосна имплементација на член 147-а од Законот за служба во Армијата, според кој, активниот воен и цивилен персонал на служба во Армијата остварува право на стаж на осигурување со зголемено траење, односно бенефициран стаж.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за октомври 2020 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.10.2020 година.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More