DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Виртуелна средба на Џафери со поранешни пратеници од Европскиот парламент

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, имаше виртуелна средба со делегација од поранешни европратеници во Европскиот парламент, предводени од поранешниот претседател Ханс Герт Потеринг.

Упатувајќи му честитки за повторниот избор за претседател на Собранието, Потеринг го истакна неговиот придонес во стабилизирањето на работата на Собранието во претходниот мандат и посочи дека поддршката од Европскиот парламент и од претседателот Сасоли ќе продолжи со несмален интензитет и во овој мандат. Тој нагласи дека мисијата на поранешните пратеници кои се сè уште активни и влијателни во политиката и во општеството во нивните земји е да придонесат кон што поскоро обединување на европскиот континент.

Претседателот Џафери искажа задоволство од одржувањето на средбата во услови на пандемија и благодарност за досегашната поддршка на европските институции на нашите напори за исполнување втората стратешка цел, по членството во НАТО, полноправно членство во Европската Унија. Тој ја поздрави соработката со Европскиот парламент, особено и инцијативата на претседателот Давид Сасоли за поинтензивна комуникација со претседателите на Парламентите од земјите на Западен Балкан, како и дијалогот Жан Моне како позитивен инструмент, особено во светло на настаните од 27 април, изразувајќи надеж дека истиот ќе продолжи штом условите ќе го дозволат тоа. Претседателот Џафери ги поздрави иницијативите кои произлегуваат од Берлинскиот процес, како канцеларијата за млади РИКО и заедничкото претседавање на Република Северна Македонија и Република Бугарија со процесот оваа година.

Поранешните европратеници искажаа интерес во однос на актуелните политички случувања во земјата, поддршката на граѓаните за евроинтегративниот процес, транспаретноста на Собранието кон јавноста, парламентарниот надзор, борбата против корупцијата, владеењето на правото и застапеноста на жените во политиката.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More