30.8 C
Skopje, NM
25/07/2021
DailyNews.mk
Политика

Видеоконференциска средба на Османи со група поранешни пратеници во Европскиот парламент

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари видеоконференциска средба со група поранешни европарламантарци, членови на Здружението на поранешни европратеници.

„Османи им се заблагодари на учесниците за големиот интерес за реализирање на ваквата посета на Северна Македонија дури и во овие Ковид-19 околности. Истакна дека ангажманот на членовите на Здружението на поранешни европратеници во промовирањето на европските стандарди и вредности е препознаен и високо вреднуван, како и нивната силна поддршка на европската перспектива на земјата. Во тој контекст беше поздравено силното лобирање за отпочнување на ЕУ-пристапните преговори со Северна Македонија во рамки на германското претседателство со ЕУ до крајот на оваа година“, соопштија од МНР.

„Имав интензивна и плодотворна посета на Брисел минатата недела за време на која се сретнав со влијателни европратеници, претставници на различни политички групи во Европскиот парламент. Од нивна страна, недвосмислено беше потврдена силната поддршка за европската перспектива на Северна Македонија, непречен тек на европската агенда на земјата, усвојување на преговарачката рамка и организација на првата меѓувладина конференција до крајот на оваа година“, нагласи Османи.

Министерот ги информирал пратениците за силната определба на нашата земја за членство во Унијата, како и подготвеноста за спроведување на реформите што ќе нè приближат до оваа цел.

„Овој состанок коинцидира со денешното објавување на Годишниот извештај од страна на Комисијата, како и на Економско-инвестицискиот план за Западниот Балкан, кои ќе ги презентира еврокомесарот Вархеји. Ние сме посветени и работиме напорно на исполнување на реформските приоритети со ЕУ предзнак, со акцент на владеењето на правото, како и на сите политички и административно-технички подготовки за финализација на преговарачката структура, до крајот на годината“, заклучи Османи.

Здружението на поранешни европратеници претставува асоцијација на повеќе од 800 поранешни европратеници од сите земји во ЕУ и со застапеност на целиот политички спектар.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Царовска: Државната матура ќе се одржи, задолжителна е и во развиените европски земји

Admin

Последни обиди да се тргне бугарското вето за евроинтеграцијата на Македонија

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More