23.8 C
Skopje, NM
27/07/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Видео-конференциска средба на министерот Османи со група поранешни пратеници во Европскиот Парламент

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари видео-конференциска средба со група поранешни европарламантарци, членови на Здружението на поранешни европратеници чиј ангажман во промовирањето на европските стандарди и вредности, е препознаен и високо вреднуван, како и нивната силна поддршка на европската перспектива на земјата

Како што соопшти МНР, Османи им се заблагодари на учесниците за големиот интерес за реализирање на ваквата посета на Северна Македонија дури и со овие Ковид-19 околности, а го поздравил и нивното силно лобирање за отпочнување на ЕУ пристапните преговори со Северна Македонија во рамки на Германското претседателство со ЕУ до крајот на оваа година.

-Имав интензивна и плодотворна посета на Брисел минатата недела за време на која се сретнав со влијателни европратеници, претставници на различни политички групи во Европскиот парламент. Од нивна страна, недвосмислено беше потврдена силната поддршка за европската перспектива на Северна Македонија, непречен тек на европската агенда на земјата, усвојување на преговарачката рамка и организација на првата меѓувладина конференција до крајот на оваа година, нагласи Османи.

Министерот Османи, се додава, ги информираше пратениците за силната определба на нашата земја за членство во Унијата, како и подготвеноста за спроведување на реформите што ќе не приближат до оваа цел.

-Овој состанок коинцидира со денешното објавување на Годишниот извештај од страна на Комисијата, како и на Економско-инвестицискиот план за Западниот Балкан, кои ќе ги презентира еврокомесарот Вархеји. Ние сме посветени и работиме напорно на исполнување на реформските приоритети со ЕУ предзнак, со акцент на владеењето на правото, како и на сите политички и административно-технички подготовки за финализација на преговарачката структура, до крајот на годината, заклучи Османи.

Здружението на поранешни евро-пратеници претставува асоцијација на повеќе од 800 поранешни евро-пратеници од сите земји во ЕУ и со застапеност на целиот политички спектар, стои во соопштението.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More