30.8 C
Skopje, NM
27/07/2021
DailyNews.mk
Свет mk

Три земји бараат од ЕУ да ѝ додели економска помош за Белорусија

Претседателите на Литванија, Полска и Романија ќе побараат од лидерите на Европската Унија да понудат пакет поддршка за Белорусија на самитот што ќе се одржи оваа недела, објавил литванскиот претседател Гитанас Науседа.

Според соопштението, пакетот ќе вклучува повластен трговски режим со ЕУ, безвизен режим и поддршка за преговори за влез во Светската трговска организација.

Во посебна изјава од тројцата претседатели, предложениот пакет е наречен „поддршка за демократска Белорусија“, пренесува Ројтерс.

Дел од договорот е поддршка за реформите и диверзификација на енергетскиот сектор, како и за премин кон либерална економија.

Полскиот премиер Матеуш Моравиецки минатата недела изјави дека земјата сака ЕУ да ѝ понуди на Белорусија финансиска помош од најмалку една милијарда евра, како дел од „Планот Маршал“.

Related posts

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Ердоган: Турција сака да ja гради иднината со ЕУ

Admin

Во Италија масовно апсење поради детска порнографија

Admin

ЕК: Вакцина за сите во исто време, сразмерно бројот на жители

Admin

Навални: Знам кој сакаше да ме убие

Admin

Нов Зеланд – единствена земја во светот која се справи со коронавирусот

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More