23.8 C
Skopje, NM
27/07/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Тимониер: 27 април и отворањето на преговорите за членство во ЕУ ги издвојувам за време на мојата 4 годишна мисија

Со кариера дипломат, поранешен генерален конзул во Неапол и Солун и многу други земји, Кристијан Тимониер во 2016 година беше назначен за амбасадор на Француската Република во Скопје. Тимониер тогаш ја замени амбасадорката Лоренс Оер, пишува Журнал.

Дојде во тежок момент за Македонија, во време на афери со прислушување и бомби и во пресрет на формирање на нова влада, по многу години доминација на ВМРО-ДПМНЕ. Во тоа време, Македонија отвораше нова страница во својата историја.

Сега, по четири години незапирлив ангажман во Француската амбасада во Скопје, Тимониер ги спакува куферите и се збогува од Македонија. Неговото место го зазема Сирил Баумгартнер.

Во пресрет на крајот на својата мисија во нашата земја, Тимониер, во изјава за Журнал, даде свои проценки и впечатоци за време на неговиот престој во Скопје. Доживеа добри работи, среќни моменти, но и моменти кои го растажија и има горчливи спомени.

Запрашан од новинската агенција Журнал кој е најсреќниот момент за него, Тимониер рече дека за време на неговиот четиригодишен мандат се случиле низа настани, но она што најмногу го радувало е одлуката на Европскиот совет, да ги отвори преговорите за членство со Северна Македонија.

„Овој мој престој во Северна Македонија беше обележан со низа настани, повеќето позитивни. Најважна е одлуката на Европскиот совет да ги отвори преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската унија. Тоа е плод на долгото патување водено од сукцесивните влади на Северна Македонија, од 2004 година и поднесувањето на кандидатурата на оваа земја, но и на политиките водени од коалицијата, кои дојдоа во владата во 2017 година. „Многу напори, па дури и жртвувања, но тоа е предност на курсот поставен кон Европа уште од вашата независност“, вели Тимониер.

Тимониер не заборава да ја спомене и новата методологија подготвена од Француската Република во врска со начинот на членство на земјите што сакаат да влезат во ЕУ.

„Новата методологија што ја посакува Франција овозможи да се преземе овој чекор на појасен и пореален начин и јас сум горд што ја придружував оваа нова фаза на европска конструкција“, додаде тој.

Што се однесува до сеќавањето и најлошиот момент, тој сè уште се сеќава на ужасната ноќ на 27 април во законодавниот дом.

Според Тимониер, ноќта на 27 април служи како потсетник дека демократијата не е дар, туку мора постојано да се создава без запирање.

„Најлошото сеќавање е ноќта на 27 април 2017 година. Насилството и недостатокот на политички консензус за минималниот национален интерес длабоко ме шокираше. Служи како потсетник дека демократијата не е дар, туку постојано создавање во тек. Ова ја зајакнува нашата желба да го поставиме владеењето на правото во центарот на нашата методологија, како почетна точка, но исто така и како крунско достигнување на членството во унијата. Токму оваа основа на правото и демократските вредности, реални и не само на хартија, му даваат значење на целиот овој процес “, изјави за Журнал, францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимониер.

Инаку, Тимониер за време на неговата четиригодишна мисија во Македонија, беше отворен и активен во сè што ја загрижи нашата земја. Тој во повеќе наврати рапортираше за ставовите на лидерите од Франција во врска со напредокот на нашата земја на патот кон ЕУ и никогаш не се двоумеше да се насмее, давајќи им надеж на лидерите на нашата земја дека Македонија е на добар пат.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More