15.8 C
Skopje, NM
13/06/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Телефонски разговор Заев – Борисов: Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на Македонија

Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на Северна Македонија, истакнал бугарскиот премиер Бојко Борисов во денешниот телефонски разговор со претседателот на Владата Зоран Заев.

Двајцата премиери, како што соопшти владината прес-служба, изразиле увереност дека двете страни остануваат ангажирани во спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соретседателот нааботка.

Во телефонскиот разговор станало збор и организација на скорешна посета на премиерот Заев на Бугарија, како и за заедничко охрабрување на работата на историските комисии за изнаоѓање заеднички решенија прифатливи за двете страни.

Во фокусот на разговорот Заев-Борисов бил Берлинскиот процес и заедничкото успешно претседавање кое е особено важно за зајакнување на регионалната соработка и интеграција на регионот во ЕУ, како и подготовките за претстојниот главен самит кој ќе се одржи во текот на ноември во Софија.

Двајцата премиери разговарале и за заедничката соработка во заштитата од пандемискиот вирус КОВИД-19, особено имајќи ги предвид искуствата на Бугарија во обезбедувањето заштитна опрема за стручниот персонал и за граѓаните.

Била потенцирана и определбата на премиерите, двете држави и граѓаните за целосно искористување на можностите кои постојат за унапредување на економската соработка.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More