33.8 C
Skopje, NM
25/07/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Течат роковите за регистрација во ДИК и за ценовници за платено политичко рекламирање

Ценовниците не смеат да се менуваат до конечното завршување на изборниот процес, а цените не смеат да ја надминуваат просечната цена на рекламирање пресметана во последните пет изминати изборни циклуси, стои во соопштението на АВМУ.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги информира медиумите дека почнаа да течат роковите за регистрација во Државната изборна комисија и за доставување ценовници за Предвремените избори за градоначалник на Општина Пласница и Општина Штип кои ќе се одржат на 13 декември годинава.

Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање (ППР) за предвремените избори за градоначалник на општина Пласница и општина Штип, се должни да се регистрираат во Државната изборна комисија (ДИК) најдоцна до 24 часот на 5 октомври, за што треба да поднесат барање за упис, со прилог тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Македонија, не постара од 30 дена. Барањата се поднесуваат на електронската адреса: izbori@sec.mk или пак во архивата на ДИК. Медиумите коишто нема да се регистрираат во ДИК, нема да имаат право да користат финансиски средства за ППР, обезбедени од Буџетот на државата, стои во соопштението на АВМУ.

Се додава дека медиумите се должни во рок од пет дека од денот на распишувањето на изборите да утврдат ценовници за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес и најдоцна до 7 октомври да ги достават до ДИК, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата, а радиодифузерите и до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

-Ценовниците не смеат да се менуваат до конечното завршување на изборниот процес, а цените не смеат да ја надминуваат просечната цена на рекламирање пресметана во последните пет изминати изборни циклуси, стои во соопштението на АВМУ.

ДИК веќе ја утврди и ја објави на својата веб страница просечно постигнатата цена и најниската цена за ППР кај радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), посочува АВМУ.

Агенцијата потсетува дека во периодот од утврдување на ценовниците до почетокот на изборната кампања, радиодифузерите, печатените медиуми и интернет порталите се должни најмалку двапати јавно да ги објават ценовниците на своите програми, односно во своите изданија или интернет страници, најдоцна до 20 ноември 2020 година.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More