30.8 C
Skopje, NM
25/07/2021
DailyNews.mk
Свет mk

СЗО: Над 36 милиони заразени со ковид-19 во светот

Вкупниот број на заразени со коронавирус во светот надмина 36 милиони лица, откако во изминатите 24 часа се потврдени 338.779 нови случаи, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Бројот на смртни случаи од последици на ковид-19 е зголемен за 5.514 и достигна речиси 1,05 милиони луѓе. Според последните податоци на СЗО, вкупниот број на заболени од ковид-19 во светот изнесува 36.002.827 милиони лица, а починати се 1.049.810 милиони пациенти.

Најтешко погодени од пандемијата на коронавирусот се Јужна и Северна Америка, каде во последните 24 часа се потврдени 112.715 нови инфицирани случаи и 2.785 смртни случаи.

На второ место е Европа, каде со ковид-19 се заразени нови 96.996 лица, а починале 944 луѓе. Потоа следува Азија со 89.674 нови случаи на коронавирус, од чии последици починале уште 1.158 пациенти.

Related posts

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Ердоган: Турција сака да ja гради иднината со ЕУ

Admin

Во Италија масовно апсење поради детска порнографија

Admin

ЕК: Вакцина за сите во исто време, сразмерно бројот на жители

Admin

Навални: Знам кој сакаше да ме убие

Admin

Нов Зеланд – единствена земја во светот која се справи со коронавирусот

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More