15.8 C
Skopje, NM
13/06/2021
DailyNews.mk
Свет mk

Студија: Кинеска вакцина против Ковид-19 со ветувачки резултати

Една од вакцините за новиот коронавирус што се развива во Кина се покажа како безбедна и предизвика имунолошки одговор во текот на првата и втората фаза на клиничките испитувања врз луѓе, се вели во извештајот објавен во престижниот „Лансет“.

Потенцијалната вакцина наречена BBIBP-CorV ја развива Институтот за биолошки производи во Пекинг, подружница на големата кинеска фармацевтска компанија CNBG. Станува збор за вакцина која е веќе одобрена за програми за итна вакцинација со кои кинеските власти сакаат да ги заштитат најризичните групи на луѓе, како што се здравствените работници.

Сепак, дали таа вакцина може безбедно и ефикасно да ги заштити луѓето од Ковид-19, ќе се знае со сигурност само кога ќе заврши третата фаза на клинички испитувања што во моментов се спроведуваат надвор од Кина.

BBIBP-CorV е еден од најмалку десетте проекти за развој на вакцини за коронавирус ширум светот кои влегоа во третата фаза на клинички испитувања, од кои четири ги развиваат кинески научници, според Светската здравствена организација (СЗО).

Според студијата објавена во „Лансет“, кинеската вакцина не предизвикала никакви сериозни несакани ефекти во текот на првата и втората фаза на студијата спроведена помеѓу 29 април и 30 јули, во која учествувале над 600 здрави возрасни лица. Во исто време, вакцината предизвика соодветна имунолошка реакција кај испитаниците

Related posts

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Ердоган: Турција сака да ja гради иднината со ЕУ

Admin

Во Италија масовно апсење поради детска порнографија

Admin

ЕК: Вакцина за сите во исто време, сразмерно бројот на жители

Admin

Навални: Знам кој сакаше да ме убие

Admin

Нов Зеланд – единствена земја во светот која се справи со коронавирусот

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More