39.8 C
Skopje, NM
29/07/2021
DailyNews.mk
Регион

Столтенберг во Атина на средби со грчкиот државен врв

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за време на неговата денешна посета на Грција ќе оствари средби со грчкиот премиер, со претседателката и министрите за надворешни работи и за одбрана. Столтенберг во Атина доаѓа од Анкара каде што се сретна со турскиот државен врв, а една од темите за кои разговараше со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, беа тензиите во Источниот Медитеран.

Грција и Турција, во минатата недела во НАТО воспоставија билатерален механизам за избегнување конфликти што има за цел да го намали ризикот од инциденти и несреќи во Источниот Медитеран, а вклучува и воспоставување на „црвена линија“ помеѓу двете земји за да се олесни избегнувањето на конфликти на море или во воздух. Паралелно со средбите на Столтенберг, во центарот на Атина е закажан протест против посетата на Грција на генералниот секретар на НАТО.

Related posts

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

Ердоган: Турција сака да ja гради иднината со ЕУ

Admin

Евростат: Бугарите се најсиромашни во ЕУ

Admin

Хаг бара Црна Гора да истражи 15 лица обвинети за воени злосторства

Admin

Харадинај: Да ги зачувавме даноците, Србија ќе не признаеше

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More