23.8 C
Skopje, NM
19/09/2021
DailyNews.mk
Uncategorized

Столтенберг: Решавање на разликите во духот на сојузничката солидарност и меѓународното право

Длабоко сум убеден дека разликите меѓу сојузниците можат да се решат преку преговори, во духот на сојузничката солидарност и меѓународното право, порача генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, додека пак грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја повтори подготвеноста на Грција за дијалог и стремежот кон мирно решавање на разликите, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис и Столтенберг на нивната денешна средба во Атина, разговараа за низа теми поврзани со северно-атлантската Алијанса, како и за последните случувања во Источниот Медитеран.

Генералниот секретар го поздрави воспоставениот билатерален механизам во НАТО меѓу двете земји, „што вклучува обврзување за формирање безбедна линија на комуникација меѓу Грција и Турција“, а ќе биде на 24часовна основа за да се олесни избегнувањето на конфликти во море или во воздух.

-Механизмот за избегнување конфликт може да помогоне за создавање простор за дипломатски напори. Длабоко сум убеден дека разликите меѓу сојузнците можат да се решат преку преговори, во духот на сојузничката солидарност и меѓународното право, истакна Столтенберг.

Мицотакис рече дека „кога една членка на алијансата, како што е Турција, врши прекршувања врз друга, како што е Грција, тогаш е и против Алијансата во целина“ и додаде дека „не станува збор за билатрално прашање“.

-Ќе повторам уште еднаш дека останува на Турција да го затвори патот на кризата и да го отвори патот кон решение. Ние сме подготвени да ја пречекаме на вториот пат и оптимист сум дека, на крај, овој пат ќе го следиме, бидејќи тоа е патот што е во корист на нашите два народи, порача грчкиот премиер.

Додаде дека со Столтенберг разговарале и за случувањата во Нагорно- Карабах, додека пак генералниот секретар на НАТО рече дека станало збор и за „загриженоста за зголеменото присуство на Русија во Медитеранот, бидејќи тоа има последици по безбедноста“. Столтенберг се осврна и на мигрантското прашање, за кое рече дека Грција неколку години е на првата линија е и ја изрази солидарноста на Алијансата.

Генералниот секретар на НАТО, за време на посетата на Атина се сретна и со министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, а беше примен и од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу.

Грчката претседателка на средбата рече дека „смирената и решителна позиција на Грција ја доведе Турција до првиот чекор кон де-ескалација, па така се отвори патот за одново да започнат прелиминарните контакти меѓу двете земји, без употреба на насилство“.

Додаде дека Грција се стреми кон дијалог со сите земји од регионот, но сѐ ќе зависи „од степенот на искреноста и намерите на турската страна“.

Столтенберг од своја страна истакна дека со воспоставениот механизам меѓу двете земји „ќе се намалат опасностите за предизвикување несреќи или инциденти“ и уште еднаш изрази убеденост дека „механизмот ќе помогне и во разговорите на дипломатско ниво за решавање на прашањето“.

-Сигурен сум дека разликите ќе можат да се решат мирно, врз основа на преговорите што ќе се темелат на меѓународното право и солидарноста меѓу држави членки на НАТО, истакна Столтнберг.

Related posts

South Korea designates arriving Afghans as ‘persons of special merit’

Admin

23,845 active cases with covid in Kosovo

Admin

Vucic receives invitation to attend enthronement of Metropolitan Joanikije in Montenegro

Admin

Diabetes and Covid 19: Self-care tips to manage the condition amid pandemic

Admin

Buckingham Palace garden visitors write bad reviews on TripAdvisor: ‘I feel robbed by royals’

Admin

Princess Beatrice opens up about living with dyslexia: Know all about the learning disorder

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com