15.8 C
Skopje, NM
13/06/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Регион

Српски медиуми: Путин ја откажа посетата на Србија

Рускиот претседател Владимир Путин ја откажал најавената посета на Србија, јавуваат српскиот портал Нова и весникот Данас.Како што наведуваат изворите на Данас, Кремљ не открил зошто Путин се откажал од најавеното доаѓање, „но на Русите секако не им е по волја неодамнешното српско приближување кон американските позиции“.

И порталот Нова.рс, повикувајќи се на свои извори, го јавува истото.

„Путин нема да дојде во Србија, иако тоа со месеци беше најавувано. Неговото доаѓање беше предвидено за 20 октомври, кога се прославува Денот на ослободувањето на Белград. Тогаш требаше да присуствува на церемонијата на осветување на храмот Свети Сава. Меѓутоа, тој речиси сигурно нема да биде тука тој ден“, наведува извор од Српската православна црква за Нова.

За доаѓањето на Путин во Србија претходно зборуваше и патријархот Иринеј, наведувајќи дека е одреден датумот за повторното отворање на храмот Свети Сава, и дека се очекува на таа церемонија да присуствува и шефот на руската држава.

Претходно слична најава даде и самиот претседател на Србија Александар Вучиќ, откако во јуни престојуваше во Москва.

„Путин потврди дека во октомври доаѓа во Србија. Ќе биде тоа величествен настан, кога ќе го отвораме храмот Свети Сава. Тоа ќе бидат денови кои ќе ја потврдат заедничката борба на српскиот и рускиот народ во Втората светска војна“, напиша Вучиќ по средбата со претседателот на Русија.

По пишувањето на српските медиум дека Путин ја откажал посетата на Србија, се огласи рускиот амбасадор во Белград Александар Боцан Харченко.

Тој на својот профил на Твитер напиша дека не е точно пишувањето на весникот Данас за тоа дека рускиот претседател ја откажал посетата и тоа му го соопштил на српскиот претседател. „Тоа нема никаква врска со реалноста, и е целосна и неодговорна измислица“.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More