28.8 C
Skopje, NM
16/09/2021
DailyNews.mk
Uncategorized

Спасовски: Интегритетот и опременоста на полициските службеници императив за системски реформи

На секој полициски службеник треба и мора да му се обезбедат елементарни предуслови за нормално работење, а интегритетот, опременоста, статусот на полицискиот службеник се императив без кој е невозможно спроведување на каква било системска реформа во тој домен, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

При посетата на Полицискиот центар „Ѓорче Петров” Спасовски ги претстави досегашните активности за подобрување на материјално-техничките услови за работа на припадниците на полицијата од кои, како што потенцираше, зависи спроведувањето на законите и најави набавки на нови униформи, интервентни и теренски возила и друга опрема за полициските службеници.

Во годинaшниот буџет на МВР планирани се и течат постапки за набавка на нови униформи на Единицата за брзо распоредување, на ПЕП и на Единицата за интервентна полиција, на осум интервентни и на пет теренски возила, нови радио врски, зимски и летни чизми за секој полициски службеник, нова ски опрема, исто така набавка на пиштоли за трите единици на ОСП , а наскоро ќе започне и комплетно реновирање на павилјон во касарната „Ѓорче Петров” со донација од САД, рече Спасовски.

Министерот за внатрешни работи истакна дека во изминатите три години дејствувањето првично било фокусирано на решавање на фундаменталните проблеми како приоритет за натамошно функционирање на полицијата.

На стратешко ниво, како што рече, реформата на безбедносниот систем не беше прашање на избор, туку прашање на опстанок, силно изразена волја на јавноста за конечно да се воспостават норми и концепти кои ќе бидат и гаранција за етаблирање на принципите на владеење на правото во безбедноста.

-На оперативно ниво, пак, свесни за прилично незавидните материјално-технички, социјални, професионални прилики во коишто беше затекната полицијата, односно МВР, решивме да одиме дел по дел во надминување на постојните и создавање нови услови за нормално функционирање на полицискиот систем. Се насочивме примарно на генерално подобрување на материјално-техничките услови за работа токму на оние од коишто зависи спроведувањето на законите – полицијата, рече Спасовски.

Тој потсети дека во претходниот период од буџетот на МВР инвестирале над 100 милиони денари во материјално обезбедување опрема за униформираните полициски службеници од сите организациски единици, набавена е комплетна спортска опрема за припадниците на ЕБР и за ПЕП, заменети се 45 години старите возила во ПЕП со нови интервентни возила и набавена е опрема за јавен ред и мир.

-Делумно или целосно се реконструирани 50-ина објекти на Министерството во сите сектори за внатрешни работи со 140 милиони денари. Во тек е изградба на Центарот за санирање од катастрофи и обезбедување континуитет во работењето во Прилеп, а во напредна фаза е изградбата на зградата на крим-техничка со современа форензичка лабораторија со што ќе се влијае на брзината на постапки, рече Спасовски.

Тој најави и дека деновиве ќе започне монтажа на соларни системи за греење вода на сите објекти каде се сместени припадниците на ОСПО. Со ова, како што укажа, практично целосно ќе се заокружи нивниот проект давајќи јасно до знаење дека на секој полициски службеник треба и мора да му се обезбедат елементарни предуслови за нормално работење и дека интегритетот, опременоста, статусот на полицискиот службеник се императив без којшто е невозможно спроведување на каква било системска реформа во тој домен.

Related posts

South Korea designates arriving Afghans as ‘persons of special merit’

Admin

23,845 active cases with covid in Kosovo

Admin

Vucic receives invitation to attend enthronement of Metropolitan Joanikije in Montenegro

Admin

Diabetes and Covid 19: Self-care tips to manage the condition amid pandemic

Admin

Buckingham Palace garden visitors write bad reviews on TripAdvisor: ‘I feel robbed by royals’

Admin

Princess Beatrice opens up about living with dyslexia: Know all about the learning disorder

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com