19.8 C
Skopje, NM
21/06/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Свет mk

Состојбата на Доналд Трамп се влошува

Здравствената состојба на американскиот претседател Доналд Трамп е влошена, пренесуваат светските медиуми.

Трамп минал низ загрижувачки период и наредните 48 часа ќе бидат клучни за лечењето на неговата инфекција со коронавирус, вели официјалниот претставник на Белата куќа Марк Мидоуз.

Шефот на кабинетот на претседателот, изјавил дека Трамп, кој се наоѓа во воена болница, сè уште е во неизвесна состојба и неговото опоравување е под знак прашалник.

Неговите коментари пак се во спротивност со изјавите на лекарите на Трамп. Докторот Шон Конли пред новинарите изјавил дека шефот на Белата куќа е во добра состојба и дека немал грозница во претходните 24 аса.

Конли не одговорал на прашањето дали на Трамп му бил даден дополнителен кислород.

„Во четвртокот не доби кислород. Не доби ни вчера кога сите бевме тука. Нема добиено ниту сега“, изјавил Конли.

Извор, чиј идентитет „Асошиетед прес“ не сака да го открие, изјавил дека Трамп примил кислород во Белата куќа, пред да биде префрлен во воената болница. Тоа се случило неколку часа по потврдата дека е заразен со коронавирус.

Конли денес одбил да каже кога точно Трамп се разболел, велејќи дека во четвртокот попладнето почнал да покажува клинички индикации на заразата со коронавирус. Тој додал дка симптомите кои ги имал Трамп, биле кашлица и запушен нос.

Трамп е сместен во болница откако бил позитивно тестиран на коронавирус, а официјалните претставници од Белата куќа, во текот изминатиот период инсистирале нивниот шеф дека има само благи симптоми.

Конли навел дека Трамп во болницата го примил лекот „ремдесивир“, а претходно, додека бил во Белата куќа, земал еден експриментален лек. Повеќето од блиските соработници на Трамп, исто така се заразени со коронавирус.

Официјалните лица се сомневаат дека Трамп се заразил минатата сабота, кога во Белата куќа го претставувал кандидатот за судија на Врховниот суд на САД, Ејми Кони Берет.

Во Белата куќа тој ден имало 150 луѓе, кои се прегрнувале и се ракувале, а повеќето од нив не носеле ниту маски. На фотографиите се гледа дека имало неколку приемни во затворен простор, на кои Берет, членовите на неговото семејство, сенаторите и други официјални лица, биле блиску еден до друг.

Заразата со коронавирусот е потврдена во САД, кај повеќе од 7,5 милиони луѓе, од кои досега починале 213.000 лица.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More