33.8 C
Skopje, NM
25/07/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Собранието денеска нема да гласа за вонредните состојби

Собранието денеска попладне се очекува да ја продолжи седницата на која ќе се расправа за предлог-одлуката за потпретседателите на Парламентот. На денешната седницата се и петте одлуки за вонредна состојба на претседателот Стево Пендаровски што во законодавниот дом треба да бидат потврдени со двотретинско мнозинство.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека денеска за нив нема да се гласа. Седницата најверојатно ќе биде прекината по точката за Информацијата за состојбите со лозаропреработувачкиот сектор во 2020 на ВМРО – ДПМНЕ, за да се овозможи да се одржи јавна расправа.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека одлучиле да не ги гласаат одлуките на претседателот Стево Пендаровски, за воведување на вонредна состојба. Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека владата ги злоупотребила одлуките и тие ја промашиле целта.

Предлог-одлуката за петмина потпретседатели ја поднесе претседателот на Собранието Талат Џафери, кој на денешната средба со новинарите кажа дека на координативната средба пратеничките групи се согласиле да продолжи оваа седница. До завршување на расправата, како што појасни Џафери, пратениците може да поднесат амандаман за промена на оваа одлука, а тој како предлагач да се изјасни за неа.

Според Деловникот, опозицијата има едно потпретседателско место, две предлага Комисијата за избори, а другите две се на мнозинството.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More