11.8 C
Skopje, NM
24/09/2021
DailyNews.mk
Uncategorized

Шефот на турската дипломатија во посета на Азербејџан

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска ќе го посети Азербејџан, близок сојузник на Турција, за да разговара за конфликтите во Нагорно Карабах меѓу азербејџанската армија и ерменските сепаратисти, објави турското Министерство за надворешни работи.

Чавушоглу ќе престојува во „работна посета” за време на која ќе се сретне со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и „ќе размени мислења за ситуацијата во ерменскиот окупиран регион Нагорно Карабах со неговиот азербејџански колега”, се вели во соопштението.
Судирите меѓу азербејџанските и ерменските безбедносни сили во Нагорно Карабах траат од 27 септември.

Вчера, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика Турција, главниот сојузник на Азербејџан, да влијае на смирување на ситуацијата во областа околу која војуваат Азербејџан и Ерменија.

Related posts

Mickovski nuk pret fitore në Shkup

Admin

South Korea designates arriving Afghans as ‘persons of special merit’

Admin

23,845 active cases with covid in Kosovo

Admin

Vucic receives invitation to attend enthronement of Metropolitan Joanikije in Montenegro

Admin

Diabetes and Covid 19: Self-care tips to manage the condition amid pandemic

Admin

Buckingham Palace garden visitors write bad reviews on TripAdvisor: ‘I feel robbed by royals’

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com