19.8 C
Skopje, NM
28/09/2021
DailyNews.mk
Uncategorized

Шахпаска: Законот за спречување и заштита од дискриминација обезбедува сигурност и заштита на правата на граѓаните

Министерката за труд и социјалана политика, Јагода Шахпаска, денеска учествуваше на Националната конференција за недискриминација организирана од страна Мрежата за заштита од дискриминација.

„Борбата против дискриминацијаата е високо на агендата на Министерството за труд и социјална политика и на Владата на РСМ. Како одговорна Влада, а во интерес на граѓаните, сметаме дека ден поскоро Законот за спечување и заштита од дискрининација треба да биде донесен, во една демократска процедура согласно деловничките одредби во Законодавниот дом“, истакна Шахпаска.

Таа посочи дека ова законско решение има силна поддршка од меѓународните институции, Венециската комисија, 70 невладини институции од нашата држава, што е уште една голема потврда за неговото влегување во сила.

„Законот е усогласен со европската регулатива и во него се дефинирани сите облици на дискриминација, но пред сè и изборот на едно професионално независно тело, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која ќе ја сочинуваат лица со професионално искуство од сферата на човекови права“, рече Шахпаска.

Министерката порача дека покрај зајакнувањето на механизмите за заштита од дикриминација, донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација е уште една потврда дека земјава има јасни аспирации и воедно испраќа јасен политички сигнал дека е кредибилен партнер во преговорите со Европската унија, кои официјално стартуваат во декември со првата меѓувладина седница.

Related posts

Gati dy mijë qytetarë kanë nënshkruar peticionin për zgjidhjen e problemit me qentë e pastrehë në Gostivar

Admin

Apel për kumanovarët që akoma nuk janë regjistruar

Admin

Mickovski nuk pret fitore në Shkup

Admin

South Korea designates arriving Afghans as ‘persons of special merit’

Admin

23,845 active cases with covid in Kosovo

Admin

Vucic receives invitation to attend enthronement of Metropolitan Joanikije in Montenegro

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com