30.8 C
Skopje, NM
27/07/2021
DailyNews.mk
Шоубиз

Рокерите му оддаваат почит на починатиот гитарист Еди Ван Хален

Рок ѕвездите ширум светот му оддаваат почит на легендарниот гитарист Еди Ван Хален, ко-основач на рок бендот „Ван Хален“, кој почина во вторникот на 65-годишна возраст.

Медиумите и социјалните мрежи се преплавени со епитети, повеќето го делат мислењето дека со неговиот стил на гитара, Еди Ван Хален ја смени рок музиката.

Еден од највлијателните гитаристи во модерната ера, Ван Хален беше познат по неговата мајсторија – техниката на тапкање со две раце – и враќањето на виртуозната рок-соло гитара во популарниот музички мејнстрим кон крајот на 70-тите и 1980-тите.

Ван Хален формираше мост помеѓу рок стиловите од 70-тите и хеви метал звуците од 80-тите години на минатиот век.

Пејачот на рок-бендот Kiss, Џин Симонс, се сеќава на него како „Бог на гитарата“, додека другите sвезди го нарекуваат модерниот Моцарт.

Фронтменот на „Ван Хален“, Дејвид Ли Рот, објави фотографија со својот поранешен колега од бендот и напиша: „Колку долго, одлично патување беше тоа“.

Еди Ван Хален важеше за еден од најголемите гитаристи на сите времиња, пишуваат светските медиуми. Со неговата виртуозна гитара техника, тој инспирираше некои великани на рокот.

Неговиот син Волфганг му оддаде почит на социјалните мрежи, велејќи дека тој е најдобриот татко што некогаш можел да го посака.

„Секој момент што го споделив со него на и надвор од сцената беше подарок“, напиша Волфганг, кој стана басист на „Ван Хален“ во 2006 година. “Срцето ми е скршено и мислам дека никогаш нема да се опоравам целосно од оваа загуба. Те сакам многу, тато”.

Related posts

Марија Шарапова се сврши со британскиот милионер Александар Гилкс

Lea Musliju

Џорџ Клуни вели дека Том Круз не претерал со реакцијата за прекршување на Ковид протоколите

Lea Musliju

Џенифер Лопез со настап на Новогодишната вечер

Lea Musliju

Карди Би носи долна облека во видео за 29. роденден на сопругот Офсет

Lea Musliju

Ријана го промовира новиот производ од брендот „Фенти бјути“

Lea Musliju

Џорџ Клуни: Ова беше грозна година, но ќе излеземе посилни и подобри

Lea Musliju

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More