15.8 C
Skopje, NM
13/06/2021
DailyNews.mk
Економија

Развојната банка објави јавен повик до компаниите за продолжување на грејс-периодот за отплата на бескаматните кредити

Во интерес на развојот на економијата и правовремено известување на бизнис-секторот и целокупната јавност, Развојната банка на Република Северна Македонија на својата веб-страница објави јавен повик, со кој се понудува можност на компаниите корисници на кредити од првата бескаматна кредитна линија Ковид 1, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за дополнителни три месеци.

Јавниот повик на кој компаниите ќе можат да аплицираат, ќе трае во наредните 7 дена, односно ќе заврши заклучно со 14 октомври 2020 година, а може да се најде на следниот линк: https://www.mbdp.com.mk/mk/vesti/668-javen-povik-do-kreditokorisnicite-na-kovid1.

„Владата и државните органи остануваат да бидат искрен партнер на стопанството и граѓаните и да креираат мерки кои ќе одговорат на реалните потреби на бизнисот и на граѓаните. Зголемувањето на грејс-периодот за отплата на кредитите од Ковид 1, ќе им обезбеди дополнителна ликвидност на компаниите во четвртиот, последен квартал од 2020 годна, за полесно справување со социо-економската криза.

Би сакале да потсетиме дека бескаматната кредитна линија Ковид 1 во вредност од 5,5 милиони евра, беше наменета за најпогодените дејности на почетокот на ковид кризата, односно за угостителската, транспортната и туристичката дејност.Од оваа линија беа одобрени 737 кредитни апликации на компании кои вработуваат вкупно 6.509 лица. Од вкупниот број на компании 77% се микро претријатија, 21% мали фирми, додека околу 2% од корисниците се компании со средна големина“, се вели во соопштението.

Related posts

Пошта месецов ќе склучи договор со „Халк банка“, платниот промет ќе почне до март

Admin

Догодина постепено стабилизирање на странските директни инвестиции, вели гувернерката Ангеловска Бежоска

Admin

Косовската дијаспора годинава испратила во земјата 800 милиони евра

Admin

Помош од 6.000 денари, на одредени места ќе може да се трошат парите

Admin

Бектеши: В понеделник ќе ја објавиме мерката за враќање на туристичката такса од 2019 година

Admin

ВИДЕО: 17.2 милиони евра ќе бидат поделени на 400 компании за помош од ковид-кризата

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More