33.8 C
Skopje, NM
25/07/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Регион

Рама- Вучиќ да ја осуди изјавата на Вулин

Албанскиот премиер Еди Рама преку статус на Твитер ја коментираше изјавата на српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, за „Голема Албанија“ и за обединување на Србите, повикувајќи го претседателот на Србија, Александар Вучиќ недвосмислено да ја осуди истата.

Изјавата на Вулин следуваше по заедничката седница на владите на Албанија и Косово што се одржа во Тирана каде Рама изјави дека пристаништето Драч ќе биде и косовско. Според Вулин, Рама продолжува со напорите за создавање на „Голема Албанија, дека Албанците , можат да се обединат и да заземаат територии на други луѓе, додека Србите не можат да се обединат ниту на нивната земја“.

„Дали е ова вистина или e во прашање шега со која се исмејуваат испрани мозоци кои со векови го држеа целиот регион во мрак. Јас многу посакувам да биде шега, во спротивно тоа би бил очаен приказ на мизерно размислување што треба недвосмислено да го осудите“, напиша Рама на Твитер.

Вулин ден претходно рече дека Европската Унија, како и секогаш досега, ќе „молчи“ и дека „нема да преземе ништо“. „Така се повторува лагата дека „голема Албанија е природна Албанија“, а дека Србите обединети во една држава се закана за мирот“, рече Вулин

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More