34.8 C
Skopje, NM
22/06/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Прифатен предлогот за РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЛИДИЈА ДИМОВА

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, која во изминатиот период ја разбранува јавноста со серијата скандалозни доделување европски пари, е разрешена од функцијата.

Како што соопштија од Владата, предлогот за разрешување е доставен до Управниот одбор на Агенцијата, а причина за нејзиното разрешување е неетично постапување во извршувањето на нејзината функција, поврзано со индиции за несоодветно финансиско работење и за негрижа за одржувањето на имиџот на институцијата во јавноста.

Оваа постапка ја овозможува членот 23 од Етичкиот кодекс, според кој претседателот на Владата може да побара политичка одговорност, односно барање за поднесување на оставка на носителот на извршна функција или предлог за негово разрешување и да покрене иницијатива за информирање на надлежни институции, при што врз основа на сознанијата и одлуките на Управниот одбор, ќе се запазат сите постапки за гарантирање на принципот за презумпција на невиност – се наведува во Владиното соопштение.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More