33.8 C
Skopje, NM
25/07/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Пратениците нема да одат во изолација

Ниту еден пратеник нема да оди во изолација, велат од Центарот за јавно здравје, откако биле извршени епидемиолошките анкети во Собранието на Македонија, кои покажале дека биле почитувани мерките за заштита од ковид-19.

„Мерките за заштита биле почитувани, констатиравме дека нема потреба од изолација за други пратеници или вработени во собраниските служби”, вели Александар Стојанов – директор на Центарот за ТВ 24.

Анкетата е направена откако двајца пратеници се позитивни на вирусот – Исмаил Јахоски од ДУИ кој поради здравствената состојба е хоспитализиран, и Лазе Таневски од СДСМ кој тестот го напрвил самоиницијативно заради патување во странство. Таневски изјави дека засега нема симптоми на болеста.

Сепак, и натаму е неизвесно дали ќе биде можно Собранието на Македонија да започне да работи онлајн бидејќи постојат ризици вирусот повторно да влезе во законодавниот дом.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека тој и Комисијата за заразни болести препорачува Собранието да премине на онлајн настава. Со слична изјава се огласи и премиерот Зоран Заев, кој пак најави дека Владата со седницата закажана за вторник, ќе започне со работа преку видео-врска, без физичко присуство.

ВМРО-ДПМНЕ засега е категорично против. Од партијата велат дека владејачката гарнитура би можела да го злоупотреби таквиот начин на работа во Собранието и нагласуваат дека онлајн работата би била спротивна на демократските стандарди.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More