30.8 C
Skopje, NM
25/07/2021
DailyNews.mk
Свет mk

Повеќе од 170 држави ветија дека ќе сторат повеќе за правата на жените

Повеќе од 170 држави за време на виртуелен состанок на ОН, ветија дека ќе сторат повеќе за правата на жените.

Состанокот беше организиран по повод 25-годишнината од Меѓународната конференција за жени, одржана во Пекинг во 1995 година. Тековниот самит беше надвор од официјалната агенда на годишното заседание на Генералното собрание на ОН. Меѓу 170-те говорници на форумот, само десетина беа жени.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека подобрувањето на условите за жените започнува со еднаква застапеност на жените на лидерски позиции. Во просек, жените имаат 75 проценти од законските права на мажите, рече Гутереш.

На глобално ниво, секоја трета жена страда од некаков вид на насилство во текот на својот живот. Секоја година, 12 милиони девојки стапуваат во брак пред да наполнат 18 години. Во 2017 година, просечно 137 жени ширум светот биле убиени дневно од страна на член на нивното семејство.

Related posts

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Ердоган: Турција сака да ja гради иднината со ЕУ

Admin

Во Италија масовно апсење поради детска порнографија

Admin

ЕК: Вакцина за сите во исто време, сразмерно бројот на жители

Admin

Навални: Знам кој сакаше да ме убие

Admin

Нов Зеланд – единствена земја во светот која се справи со коронавирусот

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More