10.8 C
Skopje, NM
15/06/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Потпишан договор за јапонски грант од 813.000 евра за економски и социјален развој

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, заедно со амбасадорката на Јапонија во Северна Македонија, Кеико Ханеда, потпишаа Договор за јапонска грант-помош за економски и социјален развој.

„Во услови кога светот се соочува со една од најголемите здравствени кризи, која има и сериозни социо-економски последици, оваа итна помош од Владата на Јапонија во висина од 100 милиони јапонски јени, или околу 813.000 евра е повеќе од добредојдена. Помошта значително ќе придонесе во јакнење на капацитетите на здравствените установи и ќе им ја олесни работата на здравствени работници кои се на првата линија во борбата против пандемијата“, истакна Димитров.

Како национален координатор за странската помош, додаде тој, ќе се залагам за понатамошно продлабочување на билатералните односи и соработка и верувам дека покрај развојната, ќе успееме да ги унапредиме и економската, културната и политичката соработка со Јапонија.

„Во моментов секоја земја се бори со коронавирусот со сопствени мерки и здравствени капацититети. Во исто време меѓународната соработка е засилена за време на оваа здравствена криза. Јапонија е среќна што може да ги поддржи вашите напори. Јапонија секогаш ги поддржувала вашите реформи кон евро-атлантскиот пат. Во оваа пригода би сакала да ви честитам за вашето членство во НАТО и почетокот за пристапни преговори за ЕУ. Вашите напори во реформите ќе се интензивираат и Јапонија би сакала да продолжи да ги поддржува“, нагласи амбасадорката Ханеда.

На церемонијата на потпишувањето на договорот присуствуваше и министерот за здравство, Венко Филипче, кој истакна дека донацијата од јапонската амбасада е значајна помош и поддршка на здравствениот систем, таму каде што е најмногу потребна.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More