22.8 C
Skopje, NM
30/07/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Пендаровски: Мој став е дека нема да има враќање на карантинот, но пандемијата останува најголем предизвик

Шефот на државата информира дека Советот за безбедност заклучил дека безбедноста во земјата е стабилна и дека нема индиции дека би можел да биде загрозен нашиот територијален интегритет и суверенитет.

Не можам да поимам дека ќе се вратиме во ситуација да имаме повеќедневен карантин поради нови проблеми со корона вирусот. Мој став е дека враќање на најрестриктивните мерки не треба да има, изјави претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот на безбедност.

Пендсаровски рече дека сепак, најголемата криза со која сме денес соочени е пандемијата на ковид-19, не само кај нас, туку и на глобално ниво.

– Пандемијата останува најважниот предизвик за нашето општество и во следните месеци, со влијание и врз економијата и врз здравството, но не очекуваме, според денес направените и презентирани проценки, дека ќе има развој кој би влијаел на општата безбедност во земјата – рече Пендаровски.

Шефот на државата рече дека Советот за безбедност оценил дека безбедносно политичката состојба стабилна.

– Советот заклучи дека состојбата во земјата и регионот е стабилна и дека нема индиции дека би можел да биде загрозен нашиот територијален интегритет и суверенитет. Надлежните институции во континуитет ги следат сите ситуации кои потенцијално би можеле да прераснат во посериозен безбедносен проблем, вклучувајќи тука и евентуален нов бран на бегалска, односно мигрантска криза – рече Пендаровски.

Како што информира Пендаровски, на дневен ред на седницата било и воведувањето на 5G технологија. Овој процес додаде тој мора да се спроведе во рамки на условите кои ги диктира НАТО.

– Ние сме обврзани стриктно да ги следиме сите безбедносни протоколи на алијансата, и тоа како во однос на безбедносниот беграунд на лицата, на луѓето кои работат на чувствителни места во државниот апарат, така и во однос на воведувањето дигитални технологии и корпорации како нивни носители кои имаат цели и вредности кои се некомпатибилни со целите и вредностите на западната алијанса -рече Претседателот.

На седницата било заклучено дека во овој домен Владата и другите надлежни институции треба доследно да ги применуваат правилата и препораките на организацијата каде што сме веќе членка, се разбира, со сите права, обврски и одговорности кои од тоа произлегуваат.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски присуствуваа и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Оперативно-техничката агенција ОТА, Зоран Ангеловски, и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More