15.8 C
Skopje, NM
13/06/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Пендаровски – Лајчак: С.Македонија е подготвена да ги почне пристапните преговори

С. Македонија е подготвена да ги почне пристапните преговори со ЕУ за кои се очекува формален почеток за време на германското претседателство, истакнал претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020” во Братислава.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на Пендаровски, специјалниот претставник Лајчак посочи на Северна Македонија како исклучително позитивен пример во регионот истакнувајќи го многу значајниот напредок постигнат во изминатите години.

Двајцата соговорници размениле мислења и информации поврзани со најновиот развој на настани во регионот, предизвиците со кои се соочува регионот особено во поглед на регионалната стабилност, како и значењето на регионалната соработка и процесот на проширување на Европската Унија.

Шефот на државата, како што е наведува, го информираше високиот претставник Лајчак за актуелните состојби во земјава и изрази задоволство од нивната редовна комуникација и размена на информации од заемен интерес.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More