19.8 C
Skopje, NM
21/06/2021
DailyNews.mk
Шоубиз

Парис Хилтон открива детали за проблематичното минато во документарeн филм

Парис Хилтон премина од реалити sвезда во деловна жена, а од неодамна и активистка.

Телевизиската личност во нејзиниот нов документарец „Ова е Парис“ наведува дека била ментално и физички малтретирана во интернат кога била тинејџерка, и сега работи на затворање на училиштето.

„Има толку многу луѓе кои ми пишуваа писма, со зборовите ‘Ви благодарам многу’“, вели Хилтон (39), и додава дека не разговарала со нејзините родители 20 години затоа што ја испратиле во училиштето „Прово Кањон“ во Јута.

Во документарецот, кој премиерно беше прикажан на нејзината страница на „Јутјуб“ овој месец, Хилтон тврди дека била психички и физички малтретирана, била оставана во солидарен притвор со часови, и принудена да зема непознати лекови, пренесува „Ројтерс“.

Новинската агенција не можела независно да ги потврди нејзините тврдења.

Хилтон откри дека по повеќегодишно бунтување таа била испратена во „Прово“ и во неколку други училишта интернати за проблематични тинејџери .

Како одговор на обвинувањата на Хилтон, „Прово кањон“ испрати изјава во која наведува дека интернатот бил продаден од претходните сопственици во август 2000 година. Затоа, не можат да коментираат за дејствијата или искуствата пред тоа време.

Related posts

Марија Шарапова се сврши со британскиот милионер Александар Гилкс

Lea Musliju

Џорџ Клуни вели дека Том Круз не претерал со реакцијата за прекршување на Ковид протоколите

Lea Musliju

Џенифер Лопез со настап на Новогодишната вечер

Lea Musliju

Карди Би носи долна облека во видео за 29. роденден на сопругот Офсет

Lea Musliju

Ријана го промовира новиот производ од брендот „Фенти бјути“

Lea Musliju

Џорџ Клуни: Ова беше грозна година, но ќе излеземе посилни и подобри

Lea Musliju

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More