21.7 C
Skopje, NM
24/06/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Онлајн средба на Пендаровски со Асоцијацијата на поранешни членови на ЕП

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари виртуелна средба со делегација на Асоцијацијата на поранешни членови на Европскиот парламент, на која биле разменети мислења и информации околу евроинтеграцискиот процес на Република Македонија и напредокот во клучните реформски области, како и за актуелните случувања во ЕУ од аспект на пандемијата на Ковид-19.

Делегацијата е составена од 15 поранешни членови на Европскиот парламент од Германија, Италија, Франција, Велика Британија, Шпанија, Грција и Словенија и е предводена од Ханс-Герт Потеринг, актуелен претседавач со Асоцијацијата и поранешен претседател на Европскиот парламент.

Пендаровски, како што информираат од неговиот Кабинет, изразил задоволство од континуираната и принципиелна поддршка што ја добива нашата земја од Европскиот Парламент и истакнал дека со оглед на постигнатиот напредок, Македонија заслужува и е подготвена да ги отпочне пристапните преговори за членство во Европската унија, a интегрирањето на Македонија и на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е во интерес на регионалната безбедност и просперитет.

Поранешните европратеници ги поздравиле заложбите на претседателот Пендаровски за градење на добрососедски односи со сите соседни држави и посветеноста на регионалната соработка и имплементирањето на европските стандарди во земјата.

Виртуелната средба на претседателот Пендаровски со европратениците е дел од програмата – Студиска посета на Македонија со цел промоција на конструктивен дијалог и поддршка на парламентарната демократија.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More