29.4 C
Los Angeles
August 10, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Oд денеска полициски час во Грција

Грција од денеска воведе час на цела територија, со што ќе се ограничи движењето на граѓаните од 21 до 5 часот наутро.

Грчкиот заменик министер за цивилна заштита, Никос Хардаљас, на вонредна прес-конференција рече дека ќе биде дозволено напуштање на домот само поради работни обврски, итни здравствени причини, како и поради домашните миленици, но за секоја од овие причини ќе биде потребна потврда или СМС-порака.

Хардаљас објасни дека таквата одлука следела откако било констатирано непотребно движење на граѓаните.

Три дена по ред, бројот на смртни случаи како последица на Ковид во Грција е над 40, а бројот на пациенти кои се поврзани со апарати се зголемува.

Според официјалните податоци на грчката Национална организација за јавно здравје, во изминатите 24 часа биле регистрирани 2.752 новозаболени лица, 43 починале, а 297 пациенти биле приклучени на апарати.

Најголем број заразени има во Солун-777 , додека во поширокиот регион на Атина бројот е 635 лица.

Вкупно 63.321 случај е регистриран во Грција од почетокот на епидемијата, а 909 лица починале.

Related posts

НАТО: Русија останува главната воена закана за Алијансата

admin

Ердоган: За Нова година Турција пет дена во комплетен карантин

admin

What is lampshading? The leggy fashion trend, explained

admin