11.8 C
Skopje, NM
24/09/2021
DailyNews.mk
Uncategorized

Николовски: Борбата против корупцијата е врвен приоритет, ќе се кратат дискрециони права, бенефиции и привилегии

Доаѓа момент, узурпираните институции, кои системски беа уништувани со години, сега да влезат во еден процес на реорганизација на трансформација и на целосен сервис кон граѓаните, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, во емисијата „Економски магазин“, на телевизијата АлсатМ.

Николовски посочи дека преку неговата функција која е координативна веќе се воспоставува пракса на редовна и тековна поддршка на институциите кои треба да се борат против корупцијата, а кои досега можеби немале или имале слаба комуникација. Истакна дека координацијата и соработката на сите надлежни институции значително ќе се зајакне, а со тоа и борбата против корупцијата и криминалот.

-Ние не можеме да зборуваме за борба против корупција и инвестиции, кога ние имавме многу покрупни проблеми од кои зависеше опстанокот на државата. Имавме еден режим којшто ги сруши сите институции и сега ние почнуваме од минусно салдо, да работиме нешто што треба другите генерации да го сработат. За две години станавме членка на НАТО, ги решивме сите крупни проблеми, добивме одлука за почеток на преговорите со Европската Унија, и добро е што денеска во сите извештаи зборуваме за борба против корупцијата и приоритетите и она што ни се поставува како задачи се токму овие теми кои се значајни за граѓаните, за да се врати довербата во системот, за да постои ред, дисциплина, за да постои правда во сите области, не е тоа само нешто во судството, туку да ги доведеме во ред работите и да профункционираат институциите. Затоа беше потребата од една координитивна улога во овој период којашто сега се воспоставува, изјави вицепремиерот Николовски.

Потенцираше дека дел од приоритети се кратење на сите дискрециони права, бенефиции и привилегии, кои што ги имаат функционерите, потоа измени во целокупното кривично законодаство, кратење на непродуктивни трошоци.

Во делот на извештаите од Државниот завод за ревизија, Николовски посочи дека досега нема податок некој функционер да е разрешен врз основа на ревизорски извештај.

-Не се сеќавам и не најдов податок дека досега некој функционер е разрешен врз база на ревизорски извештај од Државниот завод за ревизија, а ако отворите некој од нив ќе видите дека не се имплементирани ниту препораките, она што им е обврска на раководните структури во рок од три, шест месеци да го направат.Ги гледаме и ги констатираме сите слабости во системот, неповрзаноста, некоординираноста, и како вицепремер ќе бидам тука да помогнам, но не како паралелен систем“, изјави вицепремиерот Николовски, додавајќи дека автономноста на институциите од извршната власт, но и цврстите регулаторни тела треба да се јакнат и ќе ја добијат целокупната поддршка да работат на чесен и одговорен начин со многу храброст и енергија, сите заедно, од сите политички структури.

Related posts

Mickovski nuk pret fitore në Shkup

Admin

South Korea designates arriving Afghans as ‘persons of special merit’

Admin

23,845 active cases with covid in Kosovo

Admin

Vucic receives invitation to attend enthronement of Metropolitan Joanikije in Montenegro

Admin

Diabetes and Covid 19: Self-care tips to manage the condition amid pandemic

Admin

Buckingham Palace garden visitors write bad reviews on TripAdvisor: ‘I feel robbed by royals’

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com