30.8 C
Skopje, NM
27/07/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Наставниците не се должни да купуваат компјутери

Голем број од наставниците немаат компјиутери и не се во можност да држат онлајн настава, реагира Независниот синдикат за образование и наука (НСОН). Синдикатот нагласува дека според Законот за работни односи работодавачот е должен да обезбеди средства за работа.

„До нашиот синдикат деновиве стигнуваат бројни поплаки од наставници за притисоци што им се вршат од страна на нивните надредени, директори на училиштата, да си обезбедат компјутери за да реализираат настава. Ако се земе предвид дека наставникот е во исто време и родител на едно, две или повеќе деца, разбирливо е колкава е тежината на пресијата врз тие работници во образованието. Дел од колегите се соочуваат и со двојно зголемен работен учинок, односно двојно им се зголемени бројот на наставни часови, што е спротивно на законот за наставници и тие работат по повеќе од осум часа во денот”, наведува НСОН во соопштението.

Независниот синдикат за образование и наука ја повикува министерката за образование Мила Царовска поскоро да предложи мерки за надминување на проблемот и до овој Синдикат да достави одговор.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More