33.8 C
Skopje, NM
25/07/2021
DailyNews.mk
Uncategorized

Најмалку 44 лица умреле за неколку дена од труење со алкохол во Турција

Најмалку 44 лица умреа во рок од неколку дена во Турција поради труење поврзано со токсични алкохолни пијалоци, при што полицијата извршила неколку апсења и конфискувала тони шишиња алкохол, ја пренесе ДПА државнатаа телевизија ТРТ.

Од 9 октомври најмалку 30 лица низ цела Турција се примени во болница поради труење со метанол.

Цената на алкохолните пијалоци во земјата постојано расте откако властите на неколку пати го зголемија данокот на алкохолните пијалоци, додава агенцијата.

Во рациите низ целата земја, од минатата недела до денеска полицијата приведе 22 осомничени и заплени речиси 20 тони алкохол и алкохолни пијалоци, јави државната агенција Анадолија.

Во Турција од ден на ден се зголемува потрошувачката на домашен или дестилиран алкохол произведен во нехигиенски услови, јавуваат локалните медиуми.

Податоците на Евростат покажуваат дека Турција во август имала највисока цена на алкохол споредено со сите земји на ЕУ и Европската асоцијација за слободна трговија, додава ДПА.

Related posts

Гир: Заеднички интерес е меѓувладината конференција да биде закажана што порано

Admin

Историчарите продолжуваат со напорите за приближување на ставовите

Admin

Српскиот амбасадор во Подгорица беше протеран оправдано, смета Ѓукановиќ

Admin

Интерпол предупредува на опасноста од фалсификувани вакцини

Admin

Вархеј ја поздрави одлуката на Србија, ја повика и Црна Гора да направи ист чекор

Admin

Русија го обвини Западот за мешање во Белорусија

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More