33.8 C
Skopje, NM
25/07/2021
DailyNews.mk
Мода

Најдобрите моменти од уличната мода во Милано – оделата водечки тренд

Како што ништо не е вообичаено оваа година, така и уличната мода за време на Миланската модна недела беше надвор од своите стандардни рамки.

Тука пред се посочуваме на заштитните маски за лице, што веќе добија и статус на задолжителен моден додаток, како и на задолжителната физичка дистанца меѓу посетителите на ревиите, па сега на фотографиите што ни пристигаат од светските магазини, не може да се забележи вообичаената гужва.

Од моден аспект пак, забележливо е дека годинава трендсетерките обожуваат одела, што не е изненадување со оглед на нивната атрактивност и популарност.

Се носат различни комбинации и варијанти на дводелни и триделни одела, со акцент на лежерните и предимензионираните кроеви

Не помалку застапени се и моделите со волумензони ракави, независно дали се работи за кошули, блузи или фустани, а деталите секогаш го имаат завршниот збор: милитари чизмите, марамите и шеширите, чантите со кратка рачка се омилени на улиците во Милано.
Дел од амбиентот ви пренесуваме преку објективот на фотографот Томас Рацано.

Related posts

Панк, одела и сексапил во новата колекција на Живанши

Lea Musliju

Алберта Ферети: Практична колекција за жени со самодоверба

Lea Musliju

Македонските модели и нивните мајки: Миа и Кристина се вонсериски убавици

Lea Musliju

Врвот на елеганцијата во новата колекција на Емпорио Армани

Lea Musliju

40 фустани кои можат да бидат достојна замена за венчаниците

Lea Musliju

Фантастична колекција на Диор: И комфорот може да биде луксузен

Lea Musliju

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More