10.8 C
Skopje, NM
15/06/2021
DailyNews.mk
Ковид-19 Свет mk

Најавено затворање на Мадрид во обид да се спречи ширење на Ковид-19

На жителите на Мадрид ќе им биде забрането да го напуштаат градот непотребно, а на посетителите исто така ќе им биде забрането да влегуваат во градот доколку тоа не биде потребно. Тоа е предвидено со новите мерки за борба против коронавирусот објавени од шпанската Влада.

Планирани се нови мерки и за уште девет градови.

Министерот за здравство Салвадор Илја на прес-конференција рече дека новите мерки ќе стапат на сила во наредните денови, но не прецизираше кога.

Според новите правила, на луѓето ќе им биде дозволено да одат од општина до општина само за да одат на работа, училиште, лекар или да купуваат.

Исто така, се планира работата на баровите и рестораните да биде ограничена на 23 часот, наместо до 1 часот наутро како порано, а јавните паркови и игралишта ќе бидат затворени.

Собирите ќе бидат ограничени на шест лица.

Шефот на регионалната здравствена служба, Енрике Руиз Ескудеро, изјави дека локалните власти не се согласуваат со одлуката за затворање на Мадрид и дека одлуката не е законски валидна.

Тој додаде дека ситуацијата во Мадрид се стабилизира и дека локалните власти се подготвени за дијалог со централната влада.

Регионот Мадрид во моментов е во фокусот на инфекцијата, а во него е евидентирана третина од 133.604 случаи кои се потврдени во последните две недели.

Мадрид има 735 активни случаи на 100.000 жители, што е повеќе отколку во кој било друг регион на Европа и двојно повеќе од националната стапка.

Конзервативното регионално собрание веќе воведе карантин во 45 претежно сиромашни области со претежно мигрантско население.

Related posts

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Ердоган: Турција сака да ja гради иднината со ЕУ

Admin

Во Италија масовно апсење поради детска порнографија

Admin

ЕК: Вакцина за сите во исто време, сразмерно бројот на жители

Admin

Навални: Знам кој сакаше да ме убие

Admin

Нов Зеланд – единствена земја во светот која се справи со коронавирусот

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More