19.8 C
Skopje, NM
21/06/2021
DailyNews.mk
Економија Избор од уредникот

Над 180.000 пензионери ќе добијат платежни картички, пратениците да гласаат за ребалансот

Со ребалансот на буџетот за 2020 година, кој е во собраниска процедура, се обезбедуваат 470 милиони евра за четвртиот сет економски мерки. Од нив, 27,6 милиони евра ќе бидат наменети за домашни платежни картички во вредност од 6.000 денари. Ова го истакна пратеникот од СДСМ, Илија Николовски.

Тој појани дека со оваа мерка над 180.000 пензионери со пензија до 15.000 денари ќе добијат домашни платежни картички со кои ќе може да пазаруваат, а покрај нив, платежни картички ќе добијат и лицата што се над 64 години, но немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари или воопшто немаат приходи.

„Ова е директна помош за над 180.000 наши сограѓани, ова значи зајакнување на нивната куповна моќ и поттикнување на приватната потрошувачка. Ова е вистинска грижа за нашите највозрасни сограѓани. Ги повикувам колегите пратеници од сите политички партии да дадат поддршка и да го изгласаме ребалансот на буџетот за 2020 година. Со тоа им помагаме на нашите сограѓани и помагаме на нашата македонска економија побргу да излезе од економската криза што го има зафатено целиот свет“, рече Николовски

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More