DailyNews.mk
Шоубиз

Мистериозниот живот на љубовницата на Путин – исчезнала откако му родила близнаци

Руската гимнастичарка која освои и златен олимписки медал Алина Кабаева (37) не е видена во јавност од 2018 година, кога руските медиуми објавија дека е во вториот месец од бременоста.

Според тамошните медиуми, Алина наводно родила близнаци во април минатата година, но јавноста е загрижена бидејќи тие воопшто не ја виделе, пишува The Sun.

Се шпекулираше дека поранешната спортистка добила близнаци со рускиот претседател Владимир Путин (68), пишува The Sun.

Алина беше член на партијата Единствена Русија на Путин и шеф на Националната медиумска група. Таа, наводно, ја започнала својата врска со Путин пред 12 години.

Путин го крие приватниот живот од јавноста. Тој исто така ги крие своите две возрасни ќерки, па дури и и имал направено лажни лични карти.

„Со оглед на тоа што Путин е толку опсесивен кога станува збор за безбедноста на неговото семејство, фактот дека Алина се крие дополнително ги зајакнува сомневањата дека таа всушност ги родила неговите деца“, изјави извор за странските медиуми.

До 2014 година, Путин беше во брак со Људмила Путин (62) и заедно ги имаат ќерките Катерина (34) и Марија (35).

Related posts

Марија Шарапова се сврши со британскиот милионер Александар Гилкс

Lea Musliju

Џорџ Клуни вели дека Том Круз не претерал со реакцијата за прекршување на Ковид протоколите

Lea Musliju

Џенифер Лопез со настап на Новогодишната вечер

Lea Musliju

Карди Би носи долна облека во видео за 29. роденден на сопругот Офсет

Lea Musliju

Ријана го промовира новиот производ од брендот „Фенти бјути“

Lea Musliju

Џорџ Клуни: Ова беше грозна година, но ќе излеземе посилни и подобри

Lea Musliju

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More